Ако сте од оние кои имаат проблем со спиење, односно имаат „лесно“ спиење, стручњаците откриваат неколку намирници со кои ќе заспиете полесно, и ќе спиете како „бебе“.
Велат дека исхраната е важна во обидот да „потонете во сон“, па така еве кои намирници ќе помогнат.
Смокви – тие се полни со калиум, магнезиум, калциум и железо. Ја „убиваат“ желбата за благо и ве прават сити односно ве подготвуваат за спиење.
Лубеница – две парчиња лубеница ќе ви овозможат добра хидратаија и ќе го елиминираат гладот
Фстаци – содржат протеини, витамин Б6, магнезиу, а сето тоа придонесува за добар сон. Но, не претерувајте со количината, може да изедете една рака.
Суви сливи – имаат витамин Б6, калциум и магнезиум, па помагаат со производство на мелатонин. Јадете ги 30 минути пред спиење.
Чај од билки – тие се одлични за успивање, особено чај од камилица, кој го смирува нервниот систем и желудникот.
