Овие намирници имаат „способност“ да го поправат вашето расположение, па затоа доколку се чувствувате тажни сега е време да ги пробате.
- Јагоди, манго, портокали
Витаминот Ц го зајакнува имунитетот, но и го поправа лошото расположение. Овој силен антиоксидант се покажал како одлично оружје во борбата против депресијата, слободните радикали и при поправање на организмот кој бил изложен на стрес.
- Лешници и семки од тиква
Овие намирници се богати со омега 3 масни киселини, кои веќе се докажано и проверено средство за зголемување на нивото на расположението и чувството на задоволство.
- Целер
Грицкањето целер го елиминира стресот и ги отпушта крвните артерии. Истражувањата покажаа дека целерот содржи хемикалии кои ја намалуваат концентрацијата на хормонот на стрес во крвта.
