Намирници пред спиење за мирен сон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Избегнување на користење на мобилниот телефон пред спиење, медитација, етерично масло од лаванда… се само дел од начините кои ветуваат мирен сон. Меѓутоа решението би можело да се крие и во храната која ја јадете пред да одите во кревет.

Третина од лицата имаат проблем со лош сон, а овие неколку намирници ќе помогнат во тоа.

Банани – иако се сметаат за храна која служи за зголемување на енергијата, тие се богати со магнезиум кој ги опушта мускулите. Истражувањето покажало дека магнезиумот може да помогне во лекување на несоница и други проблеми со спиење.

Бадеми – познати се како извор на здрави масти, а исто така полни со магнезиум кои помагаат во опуштање на функциите на мускулите и нервниот систем. Иствореме го израмнуваат вашиот срцев ритам. Ниацинот игра клучна улога во регулација на стрес.

Мед- Само една лажица мед доволна е за поттикнување за ослободување на мелатонинот во мозокот. Медот ги обновува резервите на гликоза во телото што го прави одличен производ за спиење во текот на ноќта.

Житарки – Освен што се уште една во низата на намирници со многу витамини, минерали и аминооксиданси кои го поттикнуваат мелатонинот кој придонесува за мирен сон, поттикнуваат и производство на инсулин и природно го подигнуваат шеќерот во крвта. Изедете мала лажичка пред спиење, а и колач од житарки исто така би имал позитивно дејство.