Нано Ружин за „Отворен Балкан“: Историски чекор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот дипломат и универзитетски професор Нано Ружин во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 вели дека Регионален економски форум кој се одржа вчера во Скопје бил историски чекор за целиот Балкан.

„Балканот кој се гледаше како едно затворено буре со барут, еве сега некој го деактивира. Го отвора Балканот, ги отвора границите, се бори, настојува да воведе европски димензии, комуникации, проток на стоки, луѓе, услуги. Сето ова е многу позитивна страна“, порача Ружин.