Напаѓачот на Трамп се обиде да се избоде во судница откако беше прогласен за виновен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рајан Раут, кој беше обвинет за обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, се обиде да се избоде во судницата откако беше прогласен за виновен по сите обвиненија.

За време на читањето на судската одлука, Раут (59) се обидел да се прободе во вратот со хемиско пенкало, по што бил насилно исфрлен од судницата, јавува ABC News.

Пенкалото до кое Раут имал пристап било специјално дизајнирано за да не може да предизвика повреда, оставајќи само модринки и траги на вратот, изјавил неименуваниот извор за ABC.