Наполи на Марадона се прости од Пеле со најубавата и најтрогателна објава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако Диего Марадона не напушти во ноември 2020 година, светот остана уште без еден легендарен спортист.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле, почина на 82-годишна возраст, објави неговата ќерка на Инстаграм.

Смртта на единствениот маж кој трипати го освои Светското првенство како играч ја потврди неговата ќерка на Инстаграм.

„Те сакаме до бесконечност, почивај во мир“, напиша Кели Насименто.

Фудбалскиот свет се збогува со легендарниот Бразилец, а можеби најубавата и најтрогателната објава ја објави Наполи, клубот на Диего Армандо Марадона, фудбалер кој со децении беше единствениот конкурент на Пеле за титулата најдобар досега .

Легендарната аргентинска и бразилска десетка се држат за рака на небо и одат во „вечноста“.