Татко на едно дете се снашол и од дрво направил суперавтомобил за својот син, откако овој му побарал автомобил Бугати, но неговите родители не можеле да го дозволат.
На таткото му било потребно околу 40 дена да го направи Бугатито од дрво, а наместо моторот, тука е акумлаторот и нормално светла кои работат, со се трепкачите.
Ваквиот вистински автомобил чини 8 милиони евра, а него го има на пример големата фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо.
