ИЗГЛЕДА дека е прилично едноставна задача да се пече цел компир во рерна, но има неколку трикови кои ќе ви помогнат да постигнете совршено меки компири со крцкава, солена кора.
Иако веројатно веќе сте слушнале за некои совети и трикови (без алуминиумска фолија, супер топла рерна), клучниот чекор на овој метод е да ги извадите компирите од рерната кога ќе бидат целосно меки, а потоа да ги премачкате со масло или путер и зачинете со сол и вратете ги во рерна уште 10 минути. Подготовката е прилично едноставна, а со овој метод ќе го добиете апсолутно најкрцкавиот компир од рерна што некогаш сте го пробале.
Подготовка
За да се направат сите во исто време, изберете компири со средна големина кои се приближно со иста големина. Прободете го секој компир со вилушка за вртење месо (тоа е поцврста од обичната) околу шест до осум пати. Дупките не мора да бидат длабоки, а без овие отвори, вашите компири може да експлодираат во рерната.
Компирите не ги завиткувајте во алуминиумска фолија, бидејќи фолијата ја задржува влагата, а сакате вишокот течност да избега од компирот при печењето, за да добиете крцкава кора. Печете ги компирите на висока температура помеѓу 220 и 240°C и тие се сигурно подготвени кога ќе можете да ставите чепкалка за заби во центарот на компирот со мал или никаков отпор. Времето на печење за компири со средна големина е помеѓу 45 и 60 минути.
Крцкава кора
Кога ќе се испече компирот, извадете ги од рерна и лесно премачкајте ги со растопен путер или масло, па посипете ги со сол. Овој чекор е клучен за постигнување на крцкава надворешност. Путерот има поубав вкус и текстура од маслото, а ако го додадете прерано, може да изгори пред целосно да се сварат компирите, а солта ќе се залепи дури откако компирот ќе се премачка со маснотии.
Вратете ги компирите во рерна уште 10 минути, а ако сакате дополнително крцкава надворешност, подигнете ја решетката за засек или два. Готовите компири исечкајте ги веднаш за да се ослободи пареата и послужете ги или наполнете ги и испечете ги со малку сирење што ќе се стопи, па со таквите компири буквално ви треба само малку зелена салата. Толку е убаво што нема ни да помислите на месо.
Како девојката го прави тоа погледнете во видеото.
@jobinthefoodie Stuffed Potatoes with bacon & cheese😋 you can find the detailed recipe on my insta page 😉 #bacon #potatoes #stuffedpotato #southafrica #tiktoksouthafrica🇿🇦 #quickmeals #whatsfordinner #yummyy #yummyy #fyp #simplemeal #meals #tiktokfood #tiktokfoodie #yummyyummy #cheese #cheeselover #comfortfood #foodiesoftiktok #foodiesofsa #food ♬ Toner CMVP system Transparent piano Refreshing(1016869) – RYOpianoforte
