Напуштени автомобили и сообраќаен хаос, опасност по животот и безбедноста во кичевско Длапкин Дол

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Расипани и хаварисани автомобили покрај магистралниот пат во селото Длапкин дол во Кичево. Автомобилите што чекаат редици за поправка кај автомеханичарот во селото се паркирани насекаде по улицата се до пешачкиот премин на патот. И не само тоа, старите и расипани автомобили овде се со години, и на овој паркинг во селото но и пред протите на куќите.

„Се наоѓаме во селото Длапкин дол каде минува магистралниот пат. Во ова село има автомобили кои се паркирани во дел од селото покрај магистралниот пат а е узурпиран е дел од паркингот во селото. Жителите иако не сакаа да зборуваат пред камерата на ТВ21, бараат автомобилите да се дислоцираат“, вели репортерката на ТВ21 Салије Садику Пињоли.

Ваквата состојба покрај магистралниот пат со години е непроменета. Многу често имало незгоди како последица на тоа што патот е стеснет од двете страни поради паркираните автомобили. Прашавме во СВР Охрид дали се занимаваат со овој проблем.

„Ќе преземеме мерки за оваа ситуација. Идејата е да се оствари координативна средба со локалната канцеларија за сообраќај и патишта, заедно со полицијата да се спроведат мерки со цел да се елиминира овој проблем кој претставува опасност за возилата кои сообраќаат по оваа магистрала.“, рече Стефан Димовски, портпарол во СВР Охрид.

Некои граѓани за ТВ21 зад камерата рекоа дека виделе случаи да поминува Брза помош со голема брзина, или високи владини делегации, а возачите не можеле да се тргнат настрана за да ослободат пат поради автомобилите покрај патот.