Една девојка го поделила своето лошо искуство со купување преку интернет, а видеото од нејзината реакција го прегледале над 7,5 милиони лица.
„Го порачав овој секси фустан. Цената беше 20 фунти“, истакнала, а потоа кога стигнала нарачката, целосен „шок“.
„Ова е кеса за ѓубре? Да, во добра големина, но ме измамија. Вратете ми ги парите“, напишала Мекензи Сандерсон.
