Народна банка: Имаше обиди за хакирање…

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Хакерите од Грција кои тврдат дека „туркаат“ веб страници на македонски институции, вечерва се пофалија дека тоа го направиле и врз Народна банка.

На објавата на Твитер велат дека недостапна е веб страницата на Народна банка по нападот.

Со реакција се јавија и од Народната банка од каде велат дека не се точни тврдењата за хакирање на нивната веб страница.

„Народната банка, во склад со глобалните трендови постојано работи на зајакнување на отпорноста на информацискиот систем, преку зајакнување на сигурносните заштити и на сите останати потребни ресурси“, реагира од народна банка.

error: Content is protected !!