Ова е народната кујна во Кичево каде секој ден се подготвува храна за 70 тина социјално загрозени лица. И покрај тоа што сегашните услови за готвење се доста тешки поради старата инфраструктура, чистотата е на високо ниво. Како што може да се види од снимките, се е ставено на место и одржано. Во текот на нашата посетата зборувавме со една вработена која не информираше дека од Општина им било ветено реновирање на кујната наскоро.
Дали имате услови за работа, како е?
„Од Општина ни ветија дека ќе ја реновираат. Направија и проекти, дека целосно ќе биде реновирана, но веќе почна зимата“.
А за условите во оваа кујна доставивме прашање и до Општина Кичево.
„Општина Кичево во соработка со Социјалениот центар Кичево започна заеднички проект за обезбедување храна за социјално загрозени семејство. Откако почнавме, условите не беа добри но со тек на време интервениравме, при што обезбедивме подобри услови за подготвување храна, таму се хранат околу 70 лица. Што се однесува до реновирањето, дискусијата тече за целосно реновирање на објектот бидејќи таму имаме и одделенија на гимназијата „Мирко Милески“ и „Дрита“ и подготвуваме заеднички проект за да се направи целосно реновирање на објектот, каде ќе биде опфатена и народна кујна“, велат од општина Кичево.
Оваа народна кујна функционира со години и секогаш е во служба на социјално загрозените семејства. Тие секојдневно од таму земат зготвена храна.