Американската вселенска агенција НАСА планира намерно да предизвика судар на летало и астероид, што ќе претставува проба за спасување на Земјата од евентуална апокалипса при евентуален удар на астероид.
Програмата е наречена ДАРТ, и тестот почнува на 24. ноември.
Ако биде одложено, тогап програмата ќе почне во февруари 2022 година. После една година, леталото ќе дојде до астероидот Диморфоз, кој е од средна големина и кој се движи околу многу поголемиот астероид Дидомос.
Мисијата подразбира судар на ДАРТ летало и астероид при брзина од 6,5 километри на секунда, а големината на леталото ќе биде како автомобил.
Пет години подоцна мисијата ЕРА која ја планира европската вселенска агенција ЕСА, ќе ја анализираат ситуацијата за да се види дали планот ќе успее.
Сударот би имал мал ефект на астероидот, но доволен да се тргне од патот кон земјата.
