Населбата Ашти во Кичево е уништена, жителите бараат одржување, општината вели дека не е надлежна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Населбата Ашти пред многу години беше една од најубавите во Кичево, со паркинг и голем парк како и детски играчки но денес нејзините простори се уништени. Фонтаната не е во функција, клупите се искршени, детскиот парк е речиси нефункционален, а жители се грижат за зеленилото, бидејќи како што велат, Комуналното претпријатие не го прави ова, туку само го собира отпадот од контејнери пред зградата. Бараат надлежните да преземат мерки и да го вратат маалскиот парк во претходната состојба.

А оваа жителка има голем проблем. Бидејќи живее на први спрат, со поглед и балкон зад зградата од магистрален пат. Таму има трња и трева при што се плаши дека ќе и влезат змии во домот.

За ваквата состојба прашавме во општинското претпријатие, но ни рекоа дека самите жители или куќните совети се надлежни за за одржување на парковите во становите.