Насилниците кои предизвикаа инциденти во „Трибека“ добија притвор од 30 дена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Двајцата насилници кои предизвикаа инциденти во познатиот скопски локал „Трибека“ добија 30 дневен притвор откако тоа го побара Јавното обвинителство.

Искршен инвентар, повредени неколку лица е билансот по синоќешните инциденти во познат скопски ресторан. МВР приведе две лица на возраст од 20 и 27 години кои биле во физичка пресметка со две други лица на возраст од 28 и 19 години.

„Според сведочењето на присутните, сите тројца претходно седеле на иста маса. Потоа А.С. физички ја нападнал и Е.Х.(18) од Скопје која била заедно со С.С.(19) од Скопје, а потоа и го искршил мобилниот телефон на Е.Х.“, истакна Тони Ангеловски.

Настанот веднаш бил пријавен во МВР, а дел од насилниците се вдале во бегство, по што полицијата ги фатила и уапсила.

Пред да се случи инцидентот, Државниот пазарен инспекторат пристигнал и ќе вршел контрола во угостителскиот објект, но само што пристигнале сите присутни започнале да го напуштаат објектот поради физичката пресметка.

„Во моментот на посетување на локалот, во моментот на надзорот во обид да направиме надзор за почитување на протоколите околу 20 часот при обид да влеземе во локалот се соочивме со толпа народ која што масовно излегуваше од објектот. Што значи дека Пазарниот инспекторат воопшто не влезе внатре во локалот бидејќи видовме дека веднаш дојдоа припадници на МВР и ние се упативме на друга локација“, вели Александра Котели.