Британскиот премиер Кир Стармер свика итен состанок на Комитетот за итни случаи (состаноци на Кобра) денеска по масовните немири во земјата за време на викендот.
Во комисијата членуваат претставници на кабинетот, полицијата, специјалните служби и разузнавањето.
Вонредниот состанок на комитетот во понеделник ќе има за цел да и обезбеди на владата ажурирање за насилството во текот на викендот и одговорот во наредните денови.
Протестите на островот започнаа откако минатиот понеделник – 29 јули, 17-годишен младинец од имигрантско семејство уби 3 девојчиња и повреди уште 10 во градот Саутпорт.
Нападот со нож се случил за време на детска работилница за танцување и јога посветена на пејачката Тејлор Свифт.
Протестите првично беа предизвикани од информациите на социјалните мрежи дека напаѓачот е барател на азил кој пристигнал на Островот со брод преку Ла Манш.
Полицијата прецизираше дека уапсениот е роден во Велика Британија, а неговите родители биле по потекло од Руанда.
Според истражителите, нападот не бил поврзан со тероризам. Сепак, протестите продолжија и прераснаа во масовни нереди во текот на викендот со палење, грабежи и напади на засолништа за мигранти. Повредени се и многу полицајци.
Според последните информации, уапсени се повеќе од 150 лица Немирите во текот на викендот се дефинирани како најмасовни во последните 13 години.