Инстаграм ја воведува долгоочекуваната опција, за која може да се каже дека дефинитивно ќе го подобри користењето на оваа мрежа од компјутер и лаптоп.
Ова би имало најголема смисла за агенциите, професионалните корисници и инфлуенсерите, кои би можеле уште полесно и побрзо да ги креираат, распоредуваат и менуваат своите објави.
Инстаграм апликацијата моментално постои и може да се користи од десктоп, но во моментов не е можно објавување на фотографии и видеа.
#Instagram is working on the ability to create posts from the desktop website 👀 pic.twitter.com/pATuOHiTGE
— Alessandro Paluzzi (@alex193a) May 14, 2021
Отпрвин, од десктоп можевме да ги прегледуваме само објавите на другите корисници, па затоа Инстаграм со текот на времето додаде и да можеме да прегледуваме Инстаграм приказни, да коментираме и на крај и да испраќаме пораки.
Со новата опција, десктоп корисниците ќе имаат можност да поставуваат видеа, слики, да користат филтри и опции за отсекување слики и видеа, да вршат брзо уредување и полесно да ја пополнуваат долгата содржина на текст со сите постојни опции во апликацијата.
За жал, засега нема информации за тоа кога опцијата ќе биде достапна.
