Наследникот на Рускоска, се појави во јавност – соселанец со Али Ахмети, но тврди дека нема лични контакти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Избран е првиот Албанец на чело на најважното Обвинителство во земјава, но на своето прво обраќање пред медиумите, рече дека во интерес на времето ќе се обрати само на македонски.

Накратко ги поздрави албанските медиуми за покажаниот интерес.

„Почитувани, ви благодарам за вашето присуство и покажаниот интерес“, вели Ислам Абази.

Ислам Абази е новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. За него гласале 66 негови колеги на вчерашниот избор за прв човек на ова обвинителство.

Абази зборуваше и за неговата визија во ова обвинителство.

Бидејќи Абази е од Кичево, беше прашан дали е близок со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Новинарите го прашаа дали ќе биде имун на било какво политичко влијание во неговата работа.

Не сакаше да коментира дали ќе ги преземе предметите кои ги остави на пола обвинителката Вилма Рускоска, како тој против екс директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми и против Беса Транс. Абази рече дека почетоците како јавен обвинител му биле во ОЈО во Кичево, потоа 5 години бил обвинител во Вишото обвинителство а последниве 4 години раководел со Вишото обвинителство во Гостивар каде рече дека решил сериозни и тешки кривични предмети.