Насмевнете се – денеска е Меѓународен ден на среќата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првиот ден на пролетта е и меѓународен ден на среќата.

Овој ден основан е од Генералното собрание на Обединетите нации на 28 јуни 2012 година.

Во Резолуцијата 66-281 од 12 јули 2012 на Собранието се вели:

„Генералното собрание свесно дека потрагата по среќа е основна човечка цел, препознавајќи ја и потребата за поинклузивен, правичен и избалансиран пристап кон економскиот раст што промовира одржлив развој, искоренување на сиромаштијата, среќа и благосостојба на сите народи, Одлучува да го прогласи 20 март за Меѓународен ден на среќата, и ги поканува сите земји-членки, организации на системот на Обединетите нации и други меѓународни и регионални организации, како и граѓански општеството, вклучително и невладините организации и поединци, да го одбележат Меѓународниот ден на среќата на соодветен начин, вклучително и преку едукација и активности за подигање на јавната свест“.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, пак истакна дека овој ден треба да нè потсети да им помагаме на другите луѓе.

„Потрагата по среќата лежи во јадрото на човечките напори. Луѓето низ светот се стремат да водат среќен и исполнет живот, ослободен од страв и бедност, и во хармонија со природата… Кога придонесуваме за општото добро, ние сме побогати. Сочувствувањето ја зголемува среќата и ни помага да ја изградиме иднината која ја посакуваме“, изјавил тој.