Алијансата за Албанците на Таравари синоќа ги објави кандидатите за 4 општини. Во Сарај ќе настапат со генералниот секретар Блеранд Рамадани, во Теарце со Назим Таипи, поранешен заменик-директор на ЈП „Државни патишта“. Кандидат за Врапчиште ќе биде актуелниот градоначланик Исен Шабани, а во Гостивар Ваљбон Лимани.
Претседателот на АА, Арбен Таравари, изјави дека новата коалиција ќе се вика Национална Алијанса за Интеграција и според него, најверојатно АА и ДУИ ќе настапат со заеднички листи за општински совети на локалните избори.
„Иако разговаравме за заеднички листи, конечната одлука ќе се донесе на партискиот конгрес. Веќе знаете дека идната коалиција ќе се вика Национална алијанса за интеграција, така што верувам дека листите може да бидат заеднички, под АКИ.“, вели Арбен Фетаи
Поранешниот сопартиец Арбен Фетаи, во јавен настап во Тетово, ги нарече објавените имиња од Таравари кандидати на ДУИ.
„Синоќа на фотографиите, ако забележавте, немаа ни лого. Затоа што веќе се кандидати на ДУИ, а не на АА. Им посакуваме среќа на Арбен Таравари, но гледаме дека неговиот крај ќе биде ист како тој на г. Села пред една година. Жалосно е што двајца претседатели на АА завршуваат во прегратките на нашиот најголем политички противник во последниве две децении. На тој начин се предаваат и програмата, и платформата, и идеалот на активистите – а на крајот остануваат осамени кај нашиот политички противник.“, вели Арбен Фетаи.
Во меѓувреме, од коалицијата ВЛЕН информираат дека се во процес на составување на кандидатските листи и дека до крајот на неделата официјално ќе ги објават имињата.