Научниците откриваат како да одите по мраз без да се лизнете (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тајната во одењето по мраз без да се лизнете е во техника т.н. пингвин. Иако за многумина звучни смешно, сепак, оваа метода делува, а ја испитале и германски научници. Објаснуваат дека трупот оди напред, и со тоа тежиштето се префрла на предниот дел од нозете.

Германските стручњаци сметаат дека со тоа се намалува ризикот од паѓање, што може да предизвика бројни повреди во текот на зимата.

Германското друштво на ортопедски и трауматолошки хирурзи објаснува дека луѓет кога нормално одат, тежината рамноправно ја распоредуваат на предниот дел и на страничниот дел од нозете, што предизвикува ризик од паѓања по лизгави површини.