Наутро слаб снег, преку ден сончево со мала облачност и студено

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Наутро ќе има услови за појава на слаб снег на североистокот. Преку денот ќе биде сончево со мала облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.

Во Скопје наутро со мала до умерена облачност, а преку денот ќе биде сончево и студено.

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 6 степени.