Наутро студено, преку ден сончево – температурите од -4 до +12 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови во северозападните планински региони ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје, променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 11 степени.