Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 32 степена.
До средината на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време. Од среда ќе има зголемување на облачноста и постепено опаѓање на дневната температура. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.