„Не е солидарност, туку арамилук“ – ВМРО-ДПМНЕ и СКСЗМ против солидарниот данок

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Наместо да се брои против сивата економија, Владата ја стимулира истата со солидарен данок кој воопшто не претставува солидарност туку арамилук, вели Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.. Законот за солидарен данок го нарекува економски пораз со кој владата сака да има придобивки за себе на грбот на компаниите.

Против законот за солидарен данок е и СКСЗМ. Извршниот директор Дурим Зеќири вели дека сумата што ќе се акумулира од солидарниот данок не е голема да би можела да заврши некоја работа од социјален аспект, а не па од економски.

„Официјалните податоци покажуваат дека стотици милиони евра се невратен долг од приватни субјекти кон државата а кои не се избришани и мислиме дека таа сума е поголема од оние 70 милиони што се очекува да се соберат од солидарниот данок“, вели Дурим Зеќири.

Овој закон ќе донесе повеќе негативни ефекти отколку позитивни, вели Зеќири а додава дека со солидарниот данок Владата испраќа порака дека може да ги казни бизнисите но и граѓаните на ретроактивен начин.