Доколку во супермакетот ги избегнувате презреаните банани со точки, тогаш грешите, бидејќи тие се извор на калиум, витамин А, витамин Б, витамин Ц, диетски влакна, протеини и железо. Содржат и природни шеќери кои го подигнуваат нивото на енергија, а имаат и антиоксиданси.
Бананите се добар извор на влакнa, калиум и витамин Ц, одличен избор за оние со дијабетес. Тие го симнуваат крвниот притисок, го штитат срцето, го подобруваат варењето на храната, го подобруваат расположението и меморијата.
Има и оние кои сакаат зелени банани, но сите банани се добри за здравјето, па така не ги избегнувајте ниту оние презреаните.
