Веро, Стокомак, Кам и Тинекс се дел од субјектите кои се казнети а ќе се соочат и со кривични пријави поради непочитување на владините одлуки. Вака соопштија од Министерството за економија од каде додаваат дека ќе одговараат кривично и неколку увозници на големо од Кванташки.
Ваквите акции со контроли продолжуваат додека директорот на ДПИ Горан Трајковски вели дека со мерките што се преземат, системот ќе функционира како што треба.
Инаку вчера во акција на ДПИ заедно со Финансиската полиција и МВР се одземени 15 тони овошје и зеленчук од пазарот на големо поради нерегуларности при царинските обврски, за кои од Министерството соопштија дека ќе бидат казнети.