Сончево и многу топло со мала локална облачност ќе биде времето денеска. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.
Во Скопје, претежно сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 39 степени.
