Не постои судир на интереси во одлуката на Уставен суд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во врска со постапувањето на Уставниот суд за прифаќање на иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на Уредбите со законска сила за определување на висината на платата на избраните и именуваните и назначените лиза во јавниот сектор за време на вонредна состојба (Сл. весник на РСМ бр.97/2020 и Сл. Весник бр. 100/2020) за време на вонредна состојба како и донесување на Решение со кое Уставниот суд го запира извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на Уредбите, ДКСК смета дека не постои судир на интереси кај уставните судии во конкретното постапување.

Имено, имајќи предвид дека надлежноста на Уставниот суд е утврдена само со Уставот, а Уставниот суд е единствен орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста и одлучува за согласноста на законите со Уставот и согласноста на другите прописи и колективни договори со Уставот, сметаме дека во овој случај не е надвладеан личниот интерес во вршењето на службената должност.