„Не размислуваме за воведување на задолжителна вакцинација“, посочи Брнабиќ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Премиерката Ана Брнабиќ изјави денес дека на Србија во овој момент не и е потребна задолжителна вакцинација.

На новинарско прашање за одлуката на Европскиот суд за човекови права дека одлуките за задолжителна вакцинација ќе бидат легални, Брнабиќ кажа дека во Србија и без тоа веќе има голем интерес за вакцините .

-Во овој момент нема причина за такво нешто, изјави Брнабиќ и додаде дека Србија нема проблеми како некои други земји, каде луѓето не сакаат да се вакцинираат.

-Од една страна, на е-управа имаме секој ден пријавено меѓу 10 и 12 илјади лица, но граѓаните доаѓаат и без пријава. Вакцинацијата во Србија оди одлично, сите пофалби до граѓаните кои покажаа дека се исклучително одговорни, изјави Брнабиќ.

Таа најави дека утре ќе се одржи седница на Кризниот штаб, на која ќе се дискутира за ефектите од важечките епидемиолошки мерки.