„Не сакаме цвеќе, сакаме правда“ марш на жените пред влада за 8 март

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Не сакаме цвеќе, сакаме правда!!!

Под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“, беше организиран марш од Влада до паркот „Жена воин“.Протестот за овој 8 март беше посветен на сиромаштијата предизвикана од пандемијата Ковид-19, која доведе до серија отпуштања од работа како што е текстилната индустрија, каде повеќето вработени се жени.
Бојана Јовановска од Платформата за родова еднаквост вели дека самите институции во земјава дозволуваат дискриминација на жените.

„Велат дека низ годините дел од барањата се исполнети, но има уште многу работа за да се стигне до еднакви права. Јовановска истакна и дел од нивните барања. Бараат поголемо учество на жените во работните групи кои подготвуваат и спроведуваат мерки за состојбата со Ковид-19 и за економската криза“, вели Јовановска.

Од Платформата за родова еднаквост велат дека дури и за времето на битката со Ковид-19, жените и девојчињата биле први на фронтот, како медицински сестри, учителки, негувателки и хигеничарки.