Не се знае кога ќе бидат донесени телата на жртвите – Османи: Зависи од процесот на идентификација, ќе разговарам со семејствата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поминаа 6 дена од трагичната несреќа на автопатот Струма, а телата на 45 жртви се  уште не им се предадени на семејствата. Кога ќе се случи тоа не се знае   бидејќи во Бугарија се уште трае процесот на идентификација на телата со ДНК анализа. Од тоа зависи и пренесувањето на телата во земјава, вели министерот Бујар Османи, додавајќи дека ќе биде изготвен план за тоа.

Освен контактите со бугарската страна, Османи рече дека денеска ќе контактираат и со семејствата на жртвите за да ги праша дали имаат некое барање или предлог.

Инаку во автобуската несреќа на Беса Транс животот го загубија 45 патници, а 7 преживеаја. Двајца од повредените вчера беа пренесени во Клиничкиот центар во Скопје  а следниве денови се очекува да бидат пренесени и останатите 5 преживеани патници.