„Не сме магионичари да врземе први со први“ – 51.514 денари потрошувачката кошничка и 19,8% инфлација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

51 514 денари е потрошувачката кошничка за минатиот месец според пресметката на Сојузот на синдикати на Македонија.

За цели 17 000 денари повеќе од истиот месец минатата година или  за  19, 8 % повеќе. Ги прашавме дел од граѓаните како успеваат да „врзат“ први со први или народски„ крај со крај“ со оглед на тоа дека некои пензии се под минималната плата, а некои вработени  не земаат ниту минимална плата од 18 000 денари.

-Ви стига ли пензијата од први до први?

„Мене не, не ми стига“.

„Јас да сум сама, со мојата пензија не би можела, ама со ќерката да, може“.

„Знаеш зошто ми стига? Дека сум сама, водам економија ..“

„Страшна работа е да поминеш со толку пари. Каква е оваа скапотија, еве гледате сами без да прашувате некого“.

-Се ограничувате од одредени производи претходно што сте ги купувале?

„Се ограничуваме од се. Се ограничувам од храна, од облека, се ограничувам од како луѓето што одат по кафани, јадат, пијат, порано да,  во месецот еднаш фамилијарно сега крај, крај со овие“.

„Не од некои туку од многу. Од се ќе купиш по малку колку да речеш дека купив. Јас имам 13 000 пензија и со тие струја, вода, телефони“.

„Многу тешко, тешко. Да сум магионичар да ми дојдат како нив што им доаѓаат оп месечно по 5 000 по 6 000 евра ќе уживам како нив. Ние сме тие што ги наместивме што мислевме ќе бидат за народот, не тие се само за себе, ништовници. Не мислат за иднината на народот, не мислат за младите ни избегаа. Што ќе ми е ЕУ, овде сме ЕУ оваа земја оваа почва дава се“.

Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7,3 отсто, млекото за 5,9 отсто , сирењето и урдата за 5,7 отсто, месото за 3,6 отсто.

ССМ најавува дека можно е повторно да излезат на улица со цел да го изразат незадоволството, бидејќи едно четиричлено семејство не може да ги дозволи и минимална кошничка. Македонија има највисока инфлација и во регионот.

Македонија – 19,8%

Србија      –   14%

Косово         – 12,7

Словенија   -10 %

Албаниjа      8, 3 %

Хрватска –    12,8

Македонија има највисока инфлација и во последните 25 години според извештајот на Светска банка, трендот на раст ќе продолжи. Па, дури прогнозите се дека ја очекува и рецесија која ќе трае еден квартал.