„Не сум доволно богата“: Туристка изненадена од цените на лежалките во Црна Гора

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Чешката туристка Кејт, која своите патувања низ Европа редовно ги споделува на Инстаграм, за време на неодамнешната посета на црногорското приморје решила да провери колку чини изнајмувањето лежалки и чадори на некои од најпознатите плажи во Милочер и Свети Стефан. Цените што ги затекнала непријатно ја изненадиле.

Најпрво ја посетила плажата во Милочер, каде што дознала дека користењето лежалки и плажен кревет чини дури 200 евра дневно. Во видеото што го објавила покажала речиси празна плажа и истакнала колку чини овој луксуз.

Потоа заминала на плажата Свети Стефан 2, каде што ја дочекало истото изненадување – комплет од две лежалки и чадор исто така се изнајмува за 200 евра на ден.

Изненадена од високата цена, таа прашала еден од вработените дали навистина има гости кои плаќаат толку за еден ден на плажа. Тој ѝ одговорил дека само еден ден претходно плажата била целосно исполнета.

„Не сум доволно богата за ова“, се пошегувала Кејт.

Сепак, нашла поповолна опција на јавната плажа од другата страна на островот Свети Стефан. Таму цените се значително пониски – две лежалки во првиот ред чинат 50 евра, додека во последниот ред можат да се изнајмат за 30 евра.

Бидејќи патувала сама и не ѝ бил потребен цел комплет, Кејт на крајот не изнајмила лежалка. Наместо тоа, го раширила својот пешкир на плажата и така го поминала денот.