„Не веруваат дека постои коронавирус, се додека некој близок не биде заразен“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Медицинските техничари Ангелка Јовановска, Нурзан Мустафа и Александар Митревски во вечерашното дебатно издание на „Клик Плус“ на ТВ21 истакнаа дека семејствата не веруваат во тоа дека коронавирусот постои, се додека некој нивен близок не се соочи со истиот.

„Ќе не сретне некој што знае каде сме и што сме, ма што е ова, вистина ли е – јас велам само еден час би ве донела да ја видите болницата и ништо повеќе. Постои од почетокот и се уште е тука“, велат тие.

Тие велат дека најтешките моменти се со семејствата на лицата кои починале од коронавирус.

„Што се случи? Бараат подетални информации, има доста прашања кои ги поставуваат“, додаваат тие.