Не земале 10 плати! – „Напредок“ во стечај, вработените на протест

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вработените во печатницата „Напредок“ се жалат дека сопственикот им должи 10 плати и дека судскиот процес започнат во јануари 2024 година не напредува поради постојаното откажување на рочиштата. Тие протестираа и побараа интервенција од Владата и ресорното министерство, нагласувајќи дека единствено барање им е исплата на неисплатените плати. Според вработените, оваа компанија е во стечај, додека стечајната управничка поставена од државата никогаш не се појавила и не комуницирала со нив, иако има должност да ги поддржува.

-Сопственикот нас ни должи 10 пати. Се жалевме и постапката е на суд од јануари 2024 година. Нема ништо во судот. Се одложуваат рочиштата секогаш кога сме присуствувале. Стечајната управничка од Велес, не сме ја виделе никогаш, бидејќи државата нејзе ја одреди, а не ние и таа треба да не поддржува, стечајната управничка и имаме и адвокат. Во јануари се затвори, потоа ни дадоа колективен одмор, три-четири месеци и потоа ни даваа потврди дека сме на работа, а ние бевме дома. Апелираме до актуелната Влада и министерството да го разгледаат нашиот случај, зошто има застој? Ние ги бараме само платите, вели една од вработените.

Вработените во печатницата „Напредок“ работеле над 40 години, а оваа печатница е една од најстарите во тетовскиот регион. Печатницата беше во државна сопстевност, а потоа со процесот на приватизација беше приватизирана и функциониарше до крајот на 2023 година.