Неделен појадок: Измешајте 3 јајца и 3 рендани компири и ќе го добиете најдобриот оброк за почеток на денот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Појадокот направен од природни и домашни состојки е вистинскиот избор за почеток на денот

Состојки:

  • 3 рендани компири
  • 3 јајца
  • 2 големи китки свеж магдонос
  • половина лажичка бибер
  • 1 лажичка лута пиперка
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажичка сол
  • 200 грама тврдо сирење или моцарела
  • масло

Подготовка: Изрендајте ги компирите и потопете ги во вода. За тоа време исецкајте го магдоносот и посолете, додајте јајца, додајте бибер и лута пиперка и сè измешајте. Компирите процедете ги, додадете брашно и измешајте. Во компирите додадете јајца со магдонос и сè измешајте.

Во длабока и густа тава ставете масло и добро загрејте го. Додадете половина од смесата и пропржете, па одозгора додајте го сирењето и прелијте го остатокот од смесата. Свртете сè и пржете уште малку додека не се испржи.

Послужете топло!