Фрлаа празни кеси пред Министерството за образование со натписи „Не ми го полнете ранецот со незнаење“ или „Министре, земате плата, но не ја работите работата“.
Во ваква форма, опозициската Алијанса за Албанците денеска реагираше на недостигот на учебници, додека институцијата беше наречена „Министерство за уништување на образованието“.
„Во последните неколку дена го слушнавме министерот за образование како објаснува како проблемот е стар, а не нов. Го потсетуваме министерот дека повеќето негови колеги беа од истата партија ДУИ, второ, работа на министерот не е да игра улога на гатачка или раскажувач на бајки или куратор во музеите и да ни кажува колку години е стар проблемот“, посочи Арбен Зеќири.
После тоа, на истото место пред влезот на зградата во која е сместено Министерството за образование, излезе самиот министер за образование Јетон Шаќири, кој повтори дека „проблемот со книгите не почнал од јануари“, туку порано.
„Во врска со она што го кажав за месеците октомври и ноември, учениците да не трошат од својот буџет, децата од прво, второ, четврто и петто, да не ги фотокопираат материјалите, тие беа обезбедени на 1 септември со буџетот на училиштето. Има институции кои не доставиле точни електронски податоци до министерот, во моментов не е виновно Министерството што има недостиг на учебници во одредени училишта, но одговоривме и на барањето кога добивме жалба, доставен е повторно материјал“, вели Јетон Шаќири.
На прашањето кога да се очекува решение, Шаќири не даде конкретен рок, но рече дека се прават нови книги за 30 отсто од наставната програма во основното образование и штом Националниот совет заврши со оваа процедура ќе седнат да донесат законски решенија. за олеснување за административните постапки.
