Рафтовите низ маркетите каде што стои маслото за готвење се речиси празни а во некои маркети и воопшто нема.
Продолжува продажбата на само 3 шишиња во сите маркети. Низ маркетите може да се најде само еден вид масло но има и маркети каде воопшто не може да се најде. Ги прашавме кога ќе донесат, но ни рекоа дека немаат информација можеби утре или следните денови.
Во еден од маркетите кои ги посетивме денеска воопшто немаше масло за готвење. Продавачката рече дека од четвртокот не добиле масло.
Н: Од кога немате?
П:Во саботата не ни донесоа, последен пат кога донесоа производи беше во четвртокот.
Н: Сега ние што да правиме?
П: Утре ќе имаме производи, ако можеш помини утре ова време и прашај дали донеле масло.
Граѓаните велат дека масло има во некои маркети но апелираат да не се купува на големо, а не веруваат дека цените ќе се намалат. Најевтиното масло за јадење што го видовме денеска беше 125 денари за литар, додека цените се искачија до 157 денари.
„Сешто има, зависи само колку граѓаните купуваат, има се, ако некој добие 1, 2 или 3 ќе има доволно за секого.
Не, не, нема да се вратат, ќе продолжи вака и цените ќе останат високи се додека се минимизира ситуацијата и цените ќе останат исти“, велат граѓаните.
Министерот за економија Крешник Бектеши пред неколку дена рече дека за секој купувач што ќе купи сончогледово масло за готвење во трговските објекти, во текот на денот ќе биде ограничена продажбата на мали количини на едно пакување. Ограничувањето за потрошувачите ќе важи до 31 мај 2022 година.
