Недвижниот имот ги „празни“ џебовите – Катастар ги намали тарифите, приватните геодети не се откажуваат

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Иако неодамна беше намалена тарифата за 75% за државните катастарски услуги, сепак овој модел не го следаат и приватните геодети, чии услуги граѓаните и понатаму ги плаќаат двојно поскапо. Директорот на Агенцијата за катастар и недвижности, Иван Живковски, рече дека намалувањето на тарифата за услуги стапи на сила пред две недели и граѓаните треба да плаќаат значително помалку. Но тој истакна дека приватните компании за геодетски услуги не се согласуваат со намалувањето на тарифите за нивните услуги кои се поврзани со подготовка на разни елаборати.

Веднаш реагираа од Комората на Геодети, при што нивниот претставник Никола Рибароски рече дека не планираат да ги намалат тарифите за нивните услуги кон граѓаните. Тој ги образложи трошоците на неговите колеги и вели дека граѓаните плаќаат за услугите од терен.

Инаку од 1 јануари преку порталот за електорнски услуги, e-uslugi.katastar.gov.mk граѓаните или правните лица ќе можат да ги преземат документите за недвижен имот за неколку секунди до една минута. Денеска на прес конференција ова го најави директорот на Агенцијата за катастар. Во Агенцијата, како што истакнуваат, се врши притисок за експропријација на парцели каде треба да помине Коридорот 8 и 10Д, автопат кој се гради од конзорциумот „Бехтел и Енка“.