Една негувателка и 13 деца на претшколска возраст се во изолација, откако е потврдено дека воспитувачката на групата е позитивна на коронавирус, пренесува САКАМДАКАЖАМ.
Станува збор за градинката „Коца Василева“. Во оваа градинка пред три недели имаше друг случај на негувателка позитивна на Ковид-19, и пет деца и пет вработени беа во изолација.
Од градинката за порталот наведуваат дека двата случаи немаат никаква поврзаност. Градинката продолжува со работа.
