Нејмар го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, бразилскиот интернационалец Нејмар, стави крај на сите шпекулации, откако денеска го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година.

За Нејмар се шпекулираше дека е несреќен во Париз, и дека ќе се врати во Барселона, меѓутоа тоа нема да се случи во блиска иднина.

„Многу сум среќен што продолжувам во ПСЖ. Многу сум среќен во Париз, горд сум што сум дел од овој состав, што работам со овие играчи, со одличен тренер и сакам да испишам историја со овој тим. Има некои работи кои ме уверија дека ова е одличен проект. Се развив како личност тука, и како играч исто така. Среќен сум што останувам и што ќе имам шанси да освојувам уште трофеи“, рече Нејмар.

Во 2017 година Нејмар дојде во ПСЖ од Барселона, за рекордни 222 милиони евра, трансфер кој и натаму го држи рекордот во моментов.