Нејмар пристигна во Арабија со луксузен авион со златен трон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нејмар пристигна во голем трансфер од ПСЖ во Ал Хилал, а во Саудиска Арабија пристигна со луксузен авион Боинг 747-400.

Бразилецот ќе ужива во Арабија. За две години ќе заработи 300 милиони евра, а од клубот ќе добие 25 соби, сауна, базен и осум работници кои ќе го чуваат заедно со девет автомобили.

Авионот со кој Нејмар пристигна во Арабија го испрати саудискиот принц Ал Валид бин Талал. Авионот има неколку спални соби и златен трон.

Нејмар во својата кариера покрај за ПСЖ настапуваше и за Барселона и Сантос.