Ова е патот кој води до стадионот на Зајас. На овој стадион некогаш ФК Зајас играл натпревари а денес е претворен во депонија за отпад. Во 2011 Агенцијата за млади и спорт одвоила средства за реконструкција на стадионот а тендерот го добила компанија од Зајас. Како што се гледа, освен еден мал објект кој веќе е уништен, овде не е направено ништо друго. Неколку пати побаравме детали од Агенцијата за млади и спорт, но не добивме одговор.
„Се наоѓаме на стадионот на ФК Зајас. Претходно функционираше и овде се одвиваа важни натпревари за овој регион, но сега за жал местово е претворено во депонија. Жителите доаѓаат тука за да фрлат отпад, а властите не преземале ништо конкретно за да го исчистат и повторно да биде ставен во функција за да се одвиваат натпревари.“, јавува репортерката на ТВ21.
Ова не е единствената депонија во регионот на Зајас. Друга депонија е создадена во близина на патот на селото Зајас. Патот над селото е преполн со отпад и шут кој се фрла таму со камиони.
„Се наоѓаме на патот Зајас Тунел во село Зајас општина Кичево. Како што можете да забележите зад мене е создадена голема депонија, но не само овде. Како што можевте да видите од претходните снимки, жителите овде фрлаат отпад, но како што тврдат мештаните и од другите села носат отпад . Овде има и градежен шут кој се фрла со камиони. Жителите се на голема мака и очекуваат овој проблем да се реши.“
Вакви депонии има насекаде во општина Кичево. Поради тоа што немаат друго решение, жителите фрлаат отпад кај ќе стигнат.
