Некои европски градови размислуваат воведување на патарини

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

После ограничување на брзината, воведување на посебни такси, па дури и забрана за влез во центрите за старите или дизел автомобилите, сега се зборува за уште еден потег кој би требало да придонесе за намалување на автомобилите на улиците низ градовите во Европа.

И тоа повторно би се одразило врз „џебот“ на граѓаните. Идејата е презентирана на автомобилскиот саем во Минхен, каде што сообраќајните експерти се изјасниле за воведување на градски патарини во сите големи градови.

Идејата ја предложиле стручњаци од институтот на технилошкиот универзитет во Минхен и произведувачот на Бе-Ем-Ве.

Се работи за патарина која ќе чини шест евра дневно, ако сакате да се движите во строгиот центар на градот.

Со ова се проценува дека сообраќајот би се намалил за 23%, а градовите би протифирале со дополнителни 600 милиони евра.

Инаку некои градови, особено во Шведска, имаат воведено такса за влез во центарот на градот. Така доколку сакате да влезете во центарот на Гетеборг, мора да издвоите по две евра за секое влегување, и згора на тоа паркингот во таа зона е далеку поскап од другите.