Вашиот глас има исклучителни својства, и сигурно не знаете се околу него. Грлото и гласните жици можат многу повеќе од само создавање на звуци. Еве некои интересни факти околу гласот.
Немојте да шепотите доколку сакате да ги сочувате гласните жици. Верувале или не, тоа дополнително ги оптоварува гласните жици, па стручњаците тоа не го препорачуваат.
Бебињата го познаваат гласот на својата мајка уште пред раѓањето. Доколку на своето неродено дете му читате или му зборувате, тоа не го правите залудно. Бебето во 25. недела веќе може да го препознае гласот на мајката.
Кога зборувате, вашиот глас се одбива од грлото, главата, устата се до средното уво. Другите луѓе не можат да ги чујат вашите вибрации, па вие вашиот глас го слушате поинаку од другите.
Немојте да се дерете на журки. Дали некогаш со некого сте разговарале со слушалки и сфаќате дека викате? Или сте плачеле на забава не по своја волја. Тоа го предизвикува т.н. Ломбардовиот ефект: говорникот несвесно го подига гласот кога е во гласно опкружување.
