Иако понекогаш се случува да изедеме повеќе од што треба, сепак, секојдневно прејадување додека „не ви пукне копчето“ не е нормален обичај.
Самоконтролата може да стане голем предизвик. Не само поради навиките, туку и поради сите причини зошто јадеме. Прејадувањето некога е само начин на избегнување на обврските или совладување на емоциите.
Постојат неколку интересни начини кои би можеле да ви помогнат да не се прејадувате, односно да ја „напуштите масата“ пред да ви „пукнат копчињата“.
- Фокусирајте се на храната – јадењето нека ви биде единствена активност. За време на оброкот не гледајте ТВ, не гледајте во мобилниот телефон, не читајте книга, не работете. Вниманието целосно да ви биде кон храната, вкусот, како изгледа, мирисот…
- Користете мали чинии и не јадете од амбалажата – сигурно сте го чуле овој совет, а причината е поради тоа што е овој совет популарен, е тоа што функционира. Студиите покажуваат дека големите чинии водат до големи пурции. Ако мислите дека тоа нема врска, размислете. Иста количина на храна на голема чинија изгледа многу помала, што доаѓа до чувство на незадоволство.
- Јадете квалитетни оброци, и немојте да ги прескокнувате. Ако заминете на работа без доручек, до ручек толку ќе огладнете што прејадувањето ќе биде неизбежен чекор. Освен тоа ако ве обеземе глад, вашето тело ќе тежи кон достапни калории, јагленохидрати и масти. Затоа мора редовно да се јаде.
- Внимавајте на причините поради кои јадете – понекогаш храната повеќе ни служи како „гориво“ за телото. Кога минуваме низ стресна ситуација или имаме потреба да се задоволиме со нешто, неретко се обидуваме тоа да го сториме низ храна. Тоа значи јадење поради стрес, тага или здодевност. Немојте никогаш да конзумирате храна поради емотивната ситуација.
