Неколку начини како да ја исчистите скарата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска многумина од вас ќе се решите да правите скара на отворено, по повод празникот Велигден. Можеби „најмачната“ работа е чистење на решетката од скарата, но не се грижете. Еве неколку начини како да ја исчистите.

Помешајте пола кромид, алкохолен оцет и маснотиите ќе се ивадат „како од шега“.

Исто така може да ја исчистите со детергент за садови. Загрејте ја малку решетката да биде топла, но не премногу. Капнете неколку капки од детергент за садови помешан со вода и со четка исчистете ја површината.

Ако имате чистач на пареа, веројатно сте се увериле дека е идеална за чистење на вакви работи. Кога скарата добро ќе се излади, млазот на пареата директно се насочува и под висок притисок, па поминете со чистачот на пареа преку скарата, и на крајот пребришете ја со чиста крпа.

Еден од најдобрите начини е да ја оставите решетката преку ноќ во вода. Стругајте ја со алуминимска фолија, а на крај додајте прашкаст детергент за алишта. Наместо тоа, може да користите и таблета за машина за садови или обичен детергент. Оставете ја преку ноќ, и наутро само со четка исчистете ги масните наслаги.