Неколку причини зошто често треба да јадеме супа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За да се храните здраво, треба да пратите јасно утврдено мени по кое мора да се придржувате секојдневно. Доволно е да јадете умерено и кога имате три оброка дневно, а барем еден од тие три да биде готвено јаење, кое е добро за цревата и за варењето на храната.

Може еден оброк да биде домашна супа и промената ќе биде веднаш евидентна. Ова јадење многу лесно се подготвува. Сите ни е јасно од детство, кога ќе се разболиме, веднаш нашите родители не тераа да јадеме супа. Подоцна тој обичај го пренесуваме и на нашите деца.

Супата е добра и за чистење на телото, потоа дезинфекција на грлото, односно уништување на бактериите од грлото и усната шуплина. Слично како и секоја топла течност, и супата помага да се исчистат синусите. Кога е телото изморено и без енергија, ништо нема да годи повеќе од пилешка супа заедно со зеленчук. Во случај на грозница, супата ќе ве згрее одвнатре, и тоа ќе донесе вашето тело побрзо да се рехабилитира.