Лубеницата претставува добра ужина во летниот период, а постојат многу предности од нејзино конзумирање. Оваа намирница е богата со есенцијални нутриенти и содржи 92% вода, што може да помогне детето да остане хидрирано во текот на високите температури.
Како што нагласуваат нутриционистите, се препорачува редовно децата да јадат лубеница поради тоа што добро влијае на здравјето. Го намалува ризикот од астма, го одржува крвниот притисок, го регулира варењето на храната и ја одржува столицата. Ги намалува болките во мускулите, го подобрува видот, помага при развојот на коските, го зајакнува имунитетот и го хидрира телото.
Стручњаците, сепак, препорачуваат да не се претерува со конзумирање на лубеница, затоа што може да дојде до негативни појави како алергија, цревни проблеми и пораст на шеќерот во крвта.
